Грег, маж кој бил во близина на местото на митингот на Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија, за Би-би-си изјавил дека забележал сомнителен човек на покривот.
Забележавме како еден маж лази на покривот од зградата до нас, на 15 метри од нас. Имаше пушка, јасно го видовме со пушка, изјави Грег, кој не бил меѓу публиката на самиот митинг, но можел да го слушне говорот на поранешниот претседател Трамп, од неговата позиција.
Наведе дека на полицијата и посочиле сомнителен маж на покривот.
Следно што знаете, си мислам зошто Трамп сè уште зборува? Зошто не го тргнаа од бината?“
Стојам и покажувам кон него… Следно што знаете, одекнаа пет истрели, додаде тој.