Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светлана Слапшак гостува на КРИК фестивалот во Скопје

0
By Нова ТВ on November 22, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вечерашново свечено отварање на изложбите „Архиви на насилство“ и „Од дијаспори до различности“ во Чифте амам, утре, 23 ноември (среда) на КРИК фестивалот  за криричка култура гостува познатата Светлана Слапшак, една од водечките интелектуалки, теоретичарки на културата, феминистки и антрополози во регионот и во Европа. Предавањето насловено „Stratigos Тито – карате: поетика на пречекорувањето, или „мешање на меморијата и желбата“ ќе се одржи во Чифте амам, со почеток во 19,30 часот.

По предавањето кое го организира Контрапункт,  следи дијалог помеѓу Светлана Слапшак и Ана Вујановиќ, независен културен работник во полето на современите перформативни уметности и културата.

Во предавањето на Слапшак фокусот е ставен на општествено прифатливото насилство со гарантирано сеќавање по примерот на Атинската демократија. Како трите антички форми на сексуалност може да не поттикнат да ги преосмислиме и реформираме критиките/критицизмот на насилството? Како да се преoдреди архивирањето со воведување сексуалност, еротика и љубов? Дали е ова начин на обременување на меморијата со наративот на sexerlove наместо наративот на насилството?

krik

Еден од централните настани на утрешната програма на КРИК фестивалот за критичка култура е меѓународната конференција „Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности“, во организација на Есперанца – Светски културен центар.

Оваа интер и мултидисциплинарна меѓународна конференција, во две целодневни сесии има за цел да го преиспита концептот на дијаспората, мобилноста, номадските искуства, честите патувања, уметничките и културните резиденции. Без разлика дали се индивидуални или групни, економски или политички, движењата на луѓето преку границите имаат силно влијание врз општествата, врз нивниот развој, но и врз конфликтите.

Воведни излагања ќе имаат Роберт Алаѓозовски и Дарка Радосављевиќ.

Првиот дел од Конференцијата „Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности“,  ќе се одржи во Чифте Амам со почеток од 10 часот.

Освен овие настани на програмата на фестивалот за критичка култура КРИК, утре започнуваат и рабтилници со заедничка тема „Поетики на радикалното издаваштво“ во организација на Мултимедијални институт, kuda.org и на  Контрапункт. Модератори се гостите на фестивалот Бранка Ќуриќ и Анте Јериќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.