Генерален штрајк против тешките мерки за штедење е во тек во Грција, со повикување на синдикатите за “масовна мобилизација” на демонстрантите.
24-часовнaта акција се очекува сериозно да ги наруши јавните услуги, вклучувајќи го транспортот и болниците, јавува Би-Би-Си.
Организаторите бараат крај на намалувања на трошоците и зголемувања на даноците.
Демонстрации за Први Мај се одвиваат низ светот:
-Демонстрантите бараат егзекуција на шефовите на фабриката за смртта на стотици луѓе во неодамнешниот колапс во зграда во Бангладеш- маршираат илјадници во главниот град, Дака
-Собири биле повикани во повеќе од 80 градови во Шпанија
-Илјадници Филипинци маршираа во Манила барајќи владата да ги заштити работните места и да се подобрат работничките договори
– Во Камбоџа работниците протестираа во Пном Пен, повикувајќи за повисоки плати
-Околу 55.000 маршираа во главниот град на Индонезија, Џакарта, во знак на протест на ниски плати
-Синдикатите одржаа демонстрации во Токио, со повици за повеќе вработување на младите