НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот е полн со неранимајковци

0
By Нова ТВ on February 28, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев
Деновиве, после срамното гласање на Уставниот суд за Претседателот да може да помилува сторители на изборен криминал, со увереност треба да се каже дека диктатурата во Македонија е во својот апогеј.

Нејзиниот залез може да биде краток. Историјата е полна со примери. Треба ли да набројувам: Бонапартистичкиот режим на Наполеон по неговото враќање од островот Елба во 1815, национал-социјалистичкиот слом во пролетта 1945, или падот на Чаушеску во 1989.
Диктатурата може да согори за секунда, како молец влетан во огнот заслепен од светлоста. Или да трае долго, мошне долго (болшевичката зандана на народите), како хипнотичкиот сончев залез во Петербург во јуни, кога во 3 часот по полноќ Сонцето ползи по хоризонтот и споро, како вечност, се крева нагоре станувајќи се поблескаво, „да ja измами самрачината на новото утро,“ како што отпеа Пушкин.

Тоа зависи од сите нас. Дали ќе седиме хипнотизирани пред блескавите зомбирани ТВ кутии на Сител, Канал 5 или Алфа, или ќе собереме сили да се разбудиме од десетгодишната хибернација, време кога и онака дотогаш кревката демократија во Македонија беше дотепана до бесвест, а државните институции (сѐ до Уставниот суд) беа газени, понижувани и силувани, како ликот на Моника Белучи во францускиoт филм на Гаспар Ное.
ДПМНЕ на Груевски ја носи Македонија во сличен таков хипнотичко-манијакален самрак, во кој централно-азиските, блиско-источните и северно-африканските тирании, на чело со Русија, ги фрлија своите народи и ги возат, како пијана толпа во оние автобуси-барови кои крстарат по руските метрополи, веќе две и пол децении. Во изминатите десет години тие беа подлажани од високите цени на нафтата. Нафтата неодамна се обесцени, и со неа уште повеќе се обесценија нивните со децении обезвредувани животи. Затоа тие се дигнаа на бунт.

За упростување и симболика, трите погоре наведени географски региони, како глобални територијални појаси кои феноменално се надполнуваат еден со друг, ќе ги наречам – Путинистан.

Во Северна Африка и на Блискиот Исток народниот бунт против автократијата беше поинаку познат и како „Арапска пролет“. Во Русија во 2012 и во Украина во 2014 крикот на потчинетите, бедните, измамените и убивани маси беше наречен „Револуција на достоинството“. Додека во централно-азиските земји како Киргистан (2010), и во Грузија (2003-4) и Молдавија (2009-15) аждерот на тиранијата беше прогонуван со „Обоени“ или „Цветни револуции“.

Но едно е сигурно. Ништо повеќе нема да биде исто откако поглаварот на овие олигархо-непотистички дувла, кој живее во една од најстрого чуваните тврдини во светот подигната во центарот на Москва и наречена Кремљ, го окупира и присвои Крим, полуостров на Црното Море со територија голема колку Македонија. Светот во кој живееме тотално се промени откако тој изврши воена окупација на својот сосед и изведе блиц-криг на делови од териториите на бивша Персија, ширејќи манипулации и лаги и заканувајќи се со нуклеарки, Tрета светска војна и крај на глобалниот поредок и светот како таков.

Но соседот никогаш не му мислел лошо – единствен негов грев беше возродената народна воља за откинување од гравитацијата на тираниите, ставен под нивни јарем со векови, и желба за приклучување кон современите текови на цивилизараниот свет на 21 вековните Европа и Америка.

Уште нешто. Ништо нема да биде исто и откако истиот тој цивилизаран свет ја урна цената на нафтата од 120 до 30 долари за барел, бидејќи успеа да ја излечи својата двеста годишна зависност од јаглеводороди, руди и други сировини ископани од пазувите на планетата (наркоза од која сеуште зависи опстанокот на деспотиите) и сѐ повеќе успешно користи неземјени, обновливи извори на енергија од Сонцето, ветерот и водата. Затоа, економиите на Путинстан сега се во криза, но според добро познатото правило, кризите на тираниите секогаш водат до револуции и војни. Посебно кога на чело на светската деспотија е манијак кој спие со атомско куферче.

Како дојдовме до вакво дереџе? Како дозволивме еден бивш боксер и медиокритет со седумка средна оценка од прилепски Економски факултет, да започне непречено да плете мрежа од авторитаритарни тенденции во нашето општество и државата да ја направи приватно/партиско сопствеништво? На истиот проклет начин како што со своите земји направија тираните со педигре од Путинистан.

Зар македонскиот народ, кој од шеесеттите години до почетокот на новиот век (вклучително и во рамки на земјата која носеше чуден назив со само четири согласки, СФРЈ) уживаше можеби единствен сплет од релативни демократски слободи и економски просперитет од сите други поранешни социјалистички земји од Варшавскиот пакт (предводен од крволочната империја со исто така чуден назив составен од четири согласки, СССР, чиј распад трае веќе 26 години); значи повеќе од четири децении живот во релативна слобода, сега истиот тој народ треба да стане жртва на едно диктаторче без педигре, но со мисли и желби кои бродат по степските правливи ветришта на Путинистан.

Клучното прашање е како да го ослободиме нашиот беспризорен диктатор од тие порочни мисли на еден зависник на херион, кој по неуспешниот третман во санаториум во Конопиште веднаш бара уште една доза? Кој едно зборува, друго мисли, а трето прави? Кој е како малото дете од онаа детска песничка, фатено in flagrante со канче шеќер в раце, на кое ако му речеш не Џони, тоа вика да папа, ако му речеш лажеш Џони, тоа вика не папа.

Одговорот на ова прашање лежи во еден дел од новелата „Школа за будали“ на брилијатниот Саша Соколов, руски писатал и поет од епохата на самиздати кој го сковал терминот проезија:
„ …но ти го знаеш нашиот татко, тој е недоверлив кон сите, и кога еднаш му реков за тоа ми одговори дека цел свет е полн со неранимајковци и само неранимајковци, и ако тој би им верувал на луѓето, никогаш не би станал главен обвинител на градот, и во најдобар случај би работел како управител на куќен совет, слично на Сорокин, или селски стаклар. И тогаш го прашав татко за весниците. Весниците – а што? – возврати тој. И јас реков: цело време читаш весници. Да, читам, одговори тој, читам весници, но и што? А, стварно ли таму ништо не пишува? Е зошто де, кажа татко, таму сѐ е напишано, тоа што треба тоа и пишува. А ако, прашав јас, таму има нешто напишано, тогаш зошто да се чита: нели неранимајковците пишуваат? И тогаш татко кажа: кои неранимајковци? И јас одговорив: оние кои пишуваат. Татко праша: што пишуваат? И јас одговорив: весници. Татко замолча и зјапна во мене, но и јас го гледав, станувајќи ми помалку жал за него зошто видов како се растројува, и видов како по неговото големо бело лице, како две црни солзи, ползеа две големи муви, а тој дури неможеше и да ги набрка оти многу се растрои. Потоа со тивок глас ми рече: марш оттука ти кучкин сине, не сакам да те видам, губи се.“

Имено. Сите ние, сиот прогресивен, здраворазумски, непорочен и неизвалкан од владините коруптивни шеми свет (а тој што е, да се покае) треба така, со гневот на таткото кој му се обраќа на синот со дисоцијативно пореметување, да му рече на нашиот Чаплин-диктатор: Марш оттука ти кучкин сине, очиве наши повеќе да не те видат, губи се!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.