Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот се простува со кралицата Елизабета Втора, на државниот погреб и претседателот Пендаровски

0
By Sashko on September 19, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: .japantimes.co.jp
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 2.000 гости, неколку стотици претседатели, меѓу кои и шефот на македонската држава, Стево Пендаровски, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора што ќе се одржи во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Вестминстерската опатија. Меѓу гостите ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Ковчегот со кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство.

Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на ковид-19.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град.

Од 16 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе мине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20:30 часот, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.