Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот се збогува со Кшиштоф Пендерецки, еден од најголемите светски уметници

0
By Нова ТВ on March 29, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот „Охридско лето” се огласи по повод смртта на светски познатиот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки. Тој настапи на „Охридско лето” во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка.

„Светот на уметноста се збогува со еден од најголемите светски уметници на денешницата. Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на „Охридско лето”. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. Токму неговото име е едно од оние великани со кои годинава ќе се одбележат 60 години успешно постоење на фестивалот, стои во соопштението од Фестивалот.

Маестро Пендерецки на „Охридско лето” настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка.

Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј за неговиот неповторлив настап на 53-то издание на Охридско лето, во годината кога кога низ целиот свет се реализираа концерти токму по повод јубилејните 80 години од неговото раѓање. Токму затоа неговиот настап даде посебен белег на „Охридско лето”, но и придонесе за светска афирмација на нашата држава, стои во соопштението.

Во богатиот творечки опус Пендерецки најпознати дела се „Тужбалица”, посветено на жртвите од Хирошима, оперите „Луденските ѓаволи” и „Убу Рекс”, вокалните композиции „Страста по Лука” и „Полски Реквием”. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Егзорцист” на Фриткин, „Сјаење” на Кјубрик, „Диви во срцето” и „Внатрешна империја” на Линч, „Катин” на Вајда…

Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.

Концертот на Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на Охридско лето е прогласен за „музички настан” во државава за 2013 година“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.