Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот во 2015: Тероризмот и бегалците се предизвиците за 2016 година

0
By Влатко Чаловски on December 31, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Годинава која изминува светот нема да ја памети по најдоброто. Во 2015 се случија неколку катастрофи, а помеѓу нив најдлабоко врежани ќе останат крвопролевањата во Сирија и ескалацијата на бегалската криза, како и терористичките напади во Париз.

Милиони луѓе ги напуштија своите руинирани домови бегајќи од бомбардирањата во Сирија, Авганистан и Ирак и безмилосниот масакар на терористичката организација која себе си се нарече „Исламска држава“ (ИСИС). На судбината на овие бегалци – за кои светот има поделени мислења бидејќи едни ги гледаат со сожалување додека други ги сметаат за опасност – ќе остане да се решава и во наредната 2016 година.

Вечерта на 13 ноември Европа ја потресе веста за тероризмот кој се случи во срцето на континентот, во главниот град на Франција, Париз. Во овие координирани напади загинаа околу 130 луѓе а речиси 360 беа повредени од кои стотина сериозно ранети.

Сите светски медиуми со голема будност ја следеа потрагата по овие терористи и истрагите на полицијата кои се одвиваа не само во Франција туку и во Белгија, Германија и Швајцарија.

Истрагата се уште во тек. Белгија во последните денови уапси десетина лица кои се осомничени за поврзаност со атентатите а полицијата се уште трага по Абделслам по кој е распишана меѓународна потерница, ден по напади во Париз.

Поради заканата од терористички напади, денес во големите европски престолнини Новата 2016 година се пречекува со засилени мерки на безбедност. Во Брисел беше откажан огнометот а во Париз низ улиците е предвидено зајакнато присуство на војската.

Годинава Турција и Русија ги заострија односите по соборувањето на рускиот воен авион.
САД и Куба по над 50 години пак, ги нормализираа односите, а Хозе Кабањас е првиот кубански амбасадор во САД по толку долго време замрзанти односи помеѓу двете земји.

Светот загуби и некои значајни имиња од светот на политиката, музиката и филмот, а помеѓу нив и Б.Б Кинг, Демис Русос, Леонард Нимој, Омар Шариф и други. Во пензија заминаа или ја најавија помеѓу другите, легендарниот водител Дејвид Летерман по 33 години на телевизиските екрани, како и НБА легендата Коби Брајант по речиси 20 години во кошарката.

Папата Францис ја објави својата прва песна и најави албум.

Балканот од друга страна загуби многу значајни имиња. Животот заврши за Кемал Монтено, кој почина на 66 години, Влада Дивљан („Идоли“), Арсен Дедиќ, како и Ранко Жеравица, кошаркарскиот тренер со кој Југославија го освои Светското Првенство во 1970 година и Олимписките игри во Москва во 1980 година.

На Балканот се случуваа големи протести во Подгорица, Грција ја мина цела 2015 година во финансиска криза и транзиција, Хрватска ја доби првата жена претседател. Приказната за ова подрачје од светот е долга, а некои од земјите во 2016 година ќе се соочат со позитивните и негативните последици на нивните кризи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.