Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

0
By Marija Todorovska on April 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во повеќе од половина од 75-те најсиромашни земји во светот, и покрај нивниот важен потенцијал во суровини и активно младо население, БДП по глава на жител во 2023/2024 година расте побавно отколку во богатите земји, што ја зголемува нееднаквоста, соопшти Светската банка.

За една третина од тие земји, БДП по глава на жител сега е понизок отколку пред пандемијата на Ковид-19, се наведува во извештајот што Светската банка го објави денеска за земјите кои би можеле да имаат корист од подароци или заеми на Меѓународната развојна асоцијација (ИДА) – огранок на Светската банка под поволни услови.

„Благосостојба на тие земји е неопходна за долгорочниот просперитет на светот. Денешните три економски сили – Кина, Индија и Јужна Кореја беа земјите кои профитираа од заемите од ИДА“, потсети главниот економист на Светската банка, Индермит Гил во изјава.

Тој рече дека сите три земји напредувале, ја искорениле екстремната сиромаштија и го подобриле животниот стандард.

Земјите финансирани од ИДА денес имаат потенцијал да го сторат истото со меѓународна помош, додаде тој.

Во некои земји ситуацијата е уште покритична со степенот на екстремна сиромаштија осум пати повисок од светскиот просек. Речиси 25 отсто од населението во тие земји живее со помалку од 2,15 долари на ден, а 90 отсто од луѓето кои се соочуваат со глад или неисхранетост во светот се концентрирани во тие земји, кои претежно се наоѓаат во субсахарска Африка, како и во источна или Јужна Азија.

Извештајот предлага да се зајакне придонесот на меѓународните финансиски институции да им помогнат и да соработуваат во врска со главните светски прашања како што е затоплувањето на климата што особено ги погодува тие земји, како и значително зголемување на финансиската поддршка.

Помошта за земјите во развој, особено оние кои моментално се во должничка криза или се изложени на ризик да западнат во неа, ќе биде меѓу главните теми на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон оваа недела.

богати земји Светска банка сиромашни земји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.