Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка со 26,2 милиони евра ќе ги олеснува трговијата и транспорт во Западен Балкан

0
By Нова ТВ on June 6, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 26,2 милиони евра од Светска банка ќе се подобрува инфраструктурата, модернизираат институциите и зајакне нивната соработка, со цел олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Министерството за финансии и Светска банка денеска потпишаа договор за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Ова е регионален проект, во кој покрај нашата земја, во првата фаза ќе се вклучат и Србија и Албанија, додека во втората фаза и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето истакна дека целта на проектот е да се намалат трошоците за извоз и увоз и да се скрати времето за прекугранична трговија.

-Проценката на Светска банка е дека со реализацијата на проектот, ќе се намалат трошоците за извоз и за увоз во регионот за околу 10 отсто. Сето ова ќе придонесе за унапредување на трговската размена, како и за повисок економски раст во регионот, рече Тевдовски.

Тој посочи дека проектот има четири компоненти: олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан, подобрување на транспортната ефикасност и предвидливост, подобрување на пристапот до пазарот за трговијата и инвестициите и поддршка за спроведување на проектот.

Во однос на првата компонента Тевдовски најави дека преку неа ќе се спроведе концептот за „Single Window“, што значи на едно место да се извршат сите процедури за извоз и увоз, како и целосна дигитализација на процесот. Тој најави дека со средства од проектот ќе се надградат и прошират царинските премини Ќафасан и Деве Баир.

Директорот на Светска банка за Северна Македонија Марко Мантованели рече дека застоите на граничните премини на Западен Балкан се пет пати подолги во однос на многу ЕУ земји. Тој истакна дека ако трошоците за логистика се изедначат со ЕУ просекот, годишните заштеди би надминале и 1,1 милијарда долари или еден отсто од БДП во регионот.

-Иако извезената стока од Западен Балкан влегува во ЕУ без царина, само десет до 20 отсто од фирмите во регионот се извозници. Согласно процедурите, вклучувајќи ги инспекциите и царините, времето поминато на патиштата и премините ја потиснува ефикасноста, ги зголемува трошоците и го спречува развојот на трговијата, вели Мантованели.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека преку втората компонента „Подобрување на ефикасноста и предвидливоста на транспортот“ се обезбедува поддршка за развој на Интелигентен транспортен систем на дел од Коридорот 10, преку набавка и инсталирање на систем за собирање на податоци за сообраќајот, контрола на висината на возилата кои пристапуваат кон автопатот, систем за собирање за временските сулови долж трасата на автопатот, како и систем за детектирање на транспорт на опасни материјали. Истакна дека ќе се обезбеди и техничка помош околу подготовката на домашните прописи за системот за интелигентен транспорт во согласност со соодветните директиви на Европската унија.

Заменик министерот за економија Кире Наумов во однос на третата компонента чија цел е подобрување на пазарниот пристап и зголемување на инвестициите, ја потенцираше важноста на техничката помош на Проектот за имплементација на регулаторните и институционални реформи соодветни на исполнувањата на обврските за либерализација во трговијата со услугите.

-Посебно би сакал да ја истакнам улогата на овој проект не само за бизнис секторот како учесници, секако покрај надлежните царински и сите други институции инволвирани во регулаторната и оперативна функција, туку и неговото значење во однос на нови инвестиции во земјата и регионот. За нас како членка на ЦЕФТА особено е значајна неговата функција за олеснување во вклучувањето во глобалните ланци на снабдување и вредности, преку можноста за зголемување на бројот на мали и средни претпријатија и нивниот олеснет пристап на меѓународните пазари, рече Наумов.

Проектот за олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан е дел од четиригодишната рамка за соработка на земјава со Светска банка. Рокот на отплата е 12 години со вклучен грејс период од четири години, а каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР зголемена за фиксен распон од 0,85. Ова значи дека сега каматата изнесува 0,6%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.