Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свежи книги на „застоен“ Саем, наместо мирис на тазе печат доминира смрдеа на теретана

0
By Ана Василевска on May 5, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АНА ВАСИЛЕВСКА

Најголемиот празник на книгата кај нас е пролетниот Саем што годинава од 4 до 10 мај се организира по 35 пат. Оваа манифестација веќе три ипол децении е можност книгоиздателствата да ги изложат своите дела, да се промовираат новите изданија, да се слави литературата во интеркација на читателите со авторите. И токму сега кога со пролетта во Скопје се буди природата, ми се чини дека за некои нешта остануваме трајно заспани. Каков е впечатокот при посета на Саемот за книгољупците?

Се упатувате кон Спортската сала „Борис Трајковски“, повеќенаменскиот простор во кој ракометот, одбојката, фудбалот станаа секундарни, наспроти организирани концерти, саеми, вакцинални пунктови и што уште не. Така, на Саемот на книгата, освен што во просторот меѓу напиканите штандови едвај се поминува, секој секому пречи за достоинствена промоција, по половина час останувате без воздух.

Реакции стигнуваат и од издавачките куќи кои издвојуваат прилично големи средства за закупнина на штандовите, но и од посетители за кои Саемот преставува културен празник. Да речеме дека посетителите и ќе си заминат по половина час, но издавачите се „осудени“ целодневно да останат без кислород во просторот со лоша вентилација. Да не зборуваме со какви импресии ќе си заминат гостите од интернационалните изложувачи.

Организаторите на овој Саем имаат редовна загарантирана поддршка од Министерството за култура, и дополнителен приход од закупнината и влезниците. Како што тоа обично бидува кај нас, овие факти ги ставаат во комфорна позиција, а организацијата ја туркаат по инерција. Без трошка инвентивност е дизајниран и целиот маркетинг и популаризирање на овој Саем. Како воопшто да немаат сензибилитет за важноста на овој Саем кој е повеќе од техничка смотра на која треба да се одржи, колку да се одржи.

На плакатот за саемот, зелените ливчиња и трева  во позадина и жена со книга во раце-илустрација како од бонбониерите во 70-тите. На толку дизајнери па и веќе готови темплејти, да ја одбереш „бонбониерата“ за лице на настанот, навистина треба да си многу незаинтересиран за впечатокот во јавноста.

Ако сме од Скопје и Македонија не значи дека не заслужуваме модерни нешта? Саем на книгата од 21 век а не панаѓурски провинциски настан. Од стариот Саем ги имаме, старите штандови и истата неинвентивност. Овој Саем треба да биде е празник, во петте саемски дена, да биде фреквентно свртилиште на автори, место полно со културна вибрација, интересни промоции, слем поезија, приказни, и технолошки да биде соодветен на векот во кој живееме.

Оттаму, Министерството за култура треба да се замисли за поддршката која оди на Саем на логоа без трошка информација, инспирација, здодевна и без трошка шарм. Наликува на бувљак на книги, а таков имаме покрај градскиот кеј на Вардар.

Во меѓувреме додека времето оди напред, имаме генерации на млади луѓе образувани во странство за културен маркетинг, менаџмент во културата, за новини во издаваштвото. Тие треба да добијат шанса да ја преобликуваат атмосферата во духот на новото време.

Горди сме со плејада на автори чии книги се преведуваат на светски јазици, на издавачки куќи што европски ги осмислуваат и промоциите и своите изданија, и не заслужуваат нивниот труд да биде вреднуван на овој начин. Тажно е убавите нешта да не добијат видливост само поради тоа што некој не може да ја направи разликата меѓу важноста на овој Саем, и Саем на земјоделски производи, на пример.

Со години се премолчува и се шушка меѓу издавачите, авторите, посетителите, но како да се помирени и ете благодарни, што имаме каков-таков Саем.

Ако сакаме да ги менуваме нештата, секој треба да почне од сопствениот двор и најмногу од се да престанеме да се минираме самите, само заради летаргија, незнаење и инертност. Заслужуваме подобра промоција на нашиот издавачки капитал, подобро популаризирање на книгата меѓу идните читатели, особено меѓу младата генерација, која сигурно не би обрнала внимание на вака дизајниран маркетинг и уште помалку би поминалае време на вакви саемски штандови.

НЕ ПОСТОИ ПОУБАВ МИРИС ОД МИРИСОТ НА СТАРАТА ДОБРА КНИГА, НО НЕ ВО СТАР И ЗАСТОЕН АМБИЕНТ!

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

културен менаџмент Саем на книгата 2023 Спортска сала „Борис Трајковски“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.