НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО и УСАИД обезбедија монитори, маски за кислород и машини за дишење за ковид-пациентите

0
By НОВА ТВ Balaban on June 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со поддршка од Светската здравствена организација обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со КОВИД-19. Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од УСАИД и ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите со КОВИД-19.

Мониторите за пациенти се суштински алатки за третман и нега на пациенти со респираторни заболувања и на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Тие обезбедуваат информации за виталните знаци, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, заситеноста со кислород и други респираторни параметри, кои се користат од медицинскиот персонал за третирање на пациентите. Кислородните маски и машините BiPAP помагаат да се спасат животи со обезбедување навремена и соодветна поддршка за кислородна терапија за пациентите со КОВИД-19.

“Би сакал да се заблагодарам на Светската здравствена организација и УСАИД за обезбедената опрема, која претставува значаен придонес за нашиот здравствен систем. Со ова дополнително се зајакнува нашиот одговор на КОВИД-19, особено во грижата за пациентите со тешка форма на вирусот. Воедно, сакам да потсетам дека пандемијата е далеку од завршена и дека нашиот здравствен систем мора да остане подготвен и опремен за да спасува животи. За таа цел, заедно со Комисијата за заразни болести во континуитет ја следиме состојбата и искуствата од регионот“, рече министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Северна Македонија и в.д. Шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, истакна дека „Од почетокот на пандемијата, ние сме посветени да ги поддржуваме националните здравствени во одговорот на КOВИД-19, и со техничка соработка и со опрема“. „Со ублажување на недостигот на медицинска опрема во назначените центри за КОВИД-19, не само што ги поддржуваме здравствените работници во критичните моменти, туку и подготвеноста на здравствениот систем за задоволување на идните, долгорочни потреби.

Покрај денешната донација, СЗО и УСАИД во изминатите два месеца обезбедија и дополнителна ИТ опрема во вредност од 836.908 денари за надградба на ИКТ инфраструктурата на Оперативниот центар за итни случаи за јавно здравје и 10-те регионални центри. Исто така, 932.530 денари ИТ опрема беше обезбедена на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје за поддршка на одговорот на пандемијата.

“Пандемијата на КОВИД-19 не е завршена, но оваа пандемија не принуди на глобално ниво да ги препознаеме недостатоците на здравствените системи во однос на одговор на ваква јавноздравствена криза. Медицинската опрема што ја доставуваме денес ќе одговори на некои од тие недостатоци – не само за лекување на пациенти со КОВИД-19, туку и за други на кои им е потребна интензивна нега и следење, особено за респираторни заболувања. Горди сме што продолжуваме со партнерството со СЗО и Министерството за здравство во нашиот заеднички одговор на КОВИД-19, кој исто така има за цел да го зајакне здравствениот систем на Северна Македонија”, рече Џејмс Стајн, в.д. Претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

Покрај обезбедувањето биомедицинска и ИТ опрема, како и реагенси и набавки за тестирање COVID-19, СЗО придонесува во националните напори преку партнерство со УСАИД за голем број други иницијативи, вклучително и градење на здравствениот систем за подготвеност за итни случаи и капацитети за одговор на земјата за време на пандемијата со КОВИД-19, развој на оперативен центар за итни случаи на јавно здравје и разузнавачка мрежа со 10-те регионални центри за јавно здравје низ целата земја; поддршка на градењето капацитети на здравствената работна сила, со цел што подобра подготвеност и одговор, како и борба против дезинформациите за да се зголеми довербата во процесот на вакцинација против КОВИД-19.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.