Претпоследниот митинг ДПА синоќа го одржа во Гостивар каде ги промовираше кандидатите за пратеници во 6-та ИЕ.
И на овој митинг Претседателот на ДПА,потенцираше дека оваа партија ќе биде дел од идната влада.
“Јас ве повикувам масовно да гласате за нашата политичка опција за Албанците и нивната слобода.Работата е завршена.ДПА ќе ги претставува правата на Албанците во иднина – рече Тачи.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи ги повика Албанците масовно да излегуваат на изборите изразувајќи благодарност за досегашната подршката иако,како што кажа,условите беа многу тешки.
“На 27 Април заедно да чекориме кон победата.Тие што праве зулуми во Гостивар ќе добијат соодветен одговор.Уште еднаш ве молам максимално да се ангажирате на 27 Април,а на 28 Април јас ќе се ангажирам за вас” – истакна Тачи.
Тачи во својот говор потенцираше дека после изборите нема веќе да има полициски, инспекциски и хорди на ДУИ и дека ќе го брани народот.
Второто ветување кој ќе се реализира за неколку месеци, сите Албанци кои имале проблеми со законот, пријава, прекршочна казна ќе бидат опфатени со законот за амнестија, освен оние што вршеле злосторства.“Вие ќе бидете целосно заштитени,сигурни и со добра заработувачка.
Секој бизнис, голем или мал, како што се кафетерии, чајџилници, продавници сите ќе бидат помилувани” – рече Тачи синоќа во Гостивар.