Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во Општина Желино и во населеното место Порој остро го критикуваше Али Ахмети, за како што рече, лагите за Слободната Економска Зона во Тетово, каде според Тачи, трипати е ставен камен темелник и пак ништо не функционира.
“Али Ахмети рече дека ќе ја направиме овде слободната економска зона, но ништо не направи. Тој пак рече дека ќе врши 7 илјади вработувања во оваа зона. 7 илјади лаги .Честитки…” – рече Тачи.
Тачи исто така зборуваше и за миграцијата на луѓето од овие краишта, кои според него масовно ја напуштаат земјата.
“Видете ги училиштата во вашите населени места,видете ги првите одделенија. Дали сега имаат повеќе ученици или пред 14 години. Нормално дека сега имаат многу малку бидејќи луѓето се оддалечуваат од овие краишта затоа што немаат перспектива и недостаток на излез од оваа ситуација.”-потенцираше Тачи.
Лидерот на ДПА уште еднаш се осврна на првиот круг на претседателските Избори.
“Информиран сум дека држачите на власта на Али Ахмети правеле листи за тие што гласаа на 13 Април. Да ги прашаме нив, дали ќе вршеа ваков притисок ако вие бевте членови на ВМРО? И да ги прашаме нив дали на ваков начин ќе им се закануваат на луѓето ,во вториот круг, да не гласаат за кандидат Македонец” – рече Тачи.