„Не дадов оставка поради националните ѓубриња кои го бараат тоа од мене. Почнувајќи од Алајдин Демири, Руфи Османи, Имер Селмани, Кастриот Хаџи Реџа, Али Ахмети… сите ги победив“, изјави Мендух Тачи, во образложение за поднесената оставка од челната позиција на ДПА.
Оставката, како што изјави Тачи, не била ставена на дневен ред бидејќи Централното претседателството одбило да расправа за неа.
„Централното претседателство одби да ја стави на дневен ред мојата оставка. Им образложив дека ја понудив оставката за да се заштитат луѓето внатре во партијата и целата одговорност да ја преземем јас, рече Тачи.
Седницата е во тек.