Косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика Србите на север да не се плашат од косовските институции и да го прифатат бриселскиот договор, затоа што тој ги штити нивните интереси.
Тачи по враќањето од Брисел изјави: Договорот е добар за вас. Ве повикувам да не бидете жртва на оние кои север го држеа заложник 14 години, кои вас и вашите животи г држеа заложници и тоа не со цел на прогрес, туку заради политичка, материјална и лична корист.
Тој им порача на Србите на северот на Косово дека се создадени услови за нов живот и нова епоха и дека парафираната спогодба во интерес на Косово, во интерес на Србија, но пред се во интерес на Србите на северот на Косово.
-Ве повикувам да не се плашите од спогодбата, да не се плашите од институциите на Косово. Со проширување на владеењето на законот ќе настанат поголеми можности за инвестиции, развој, враборување и воспоставување на демократски и мултиетнички амбиент, изјави косовскиот премиер.