Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ ги демантираше наводите дека се вработил во норвешки „Теленор“.
Тој вели не е вработен, туку станал член на советодавното тело кое се состанува еднаш или два пати годишно, и напомена дека останува во политиката.
Неговата реакција следи како одговор на српските медиуми кои пишуваа дека Тадиќ се вработил во норвешката телекомуникациска компанија како советник за регионот и Европа.
„Телекомуникациите се виртуелна работа, па и канцеларијата е виртуелна“, вели Тадиќ кој потенцира дека неговиот ангажман во Теленор нема врска со напуштање на политиката, но и дека учествува во повеќе советодавни институции во светот.
Тоа што сега е ангажиран во советодавното тело на Теленор, за Тадиќ значи само една добра околност – станува финансиски независен.