Поранешниот претседател на Република Србија, Борис Тадиќ, би требало наредната година да ја преземе функцијата генерален секретар на Советот на Европа.
Според неофицијални информации на„Вечерни новости“ , новото работно место на Тадиќ наредната година би можело да биде во Стразбур, каде што се гледа како наследник на норвежанецот Торбјорн Јагланд како генерален секретар на Советот на Европа.
После поразот на претседателските избори во Србија и по повлекувањето од лидерската трка во ДС, многумина иднината на Тадиќ ја гледаа во врвот на некои меѓународни институции.
Ни самиот Тадиќ не ја исклучи можноста кариерата да ја продолжи во некој од светските политички центри.