Browsing: АБА 2 лига

По вчерашните 93:71, словенечкиот состав вечерва ги порази „металците“ со 95:72 (по четвртини: 25:20, 18:13, 25:14, 27:25) за водство од 2:0 во серијата „подобар од пет“ што се сели во македонската престолнина каде во четврток (18 ч.) е планирана третата средба

„Металците“ и во вториот меч во полуфиналето од плејофот славеа над Спарс со 84:70 (по четвртини: 20:16, 21:21, 19:15, 24:18) и со 2:0 го елиминираа тимот од Сараево. Противник на МЗТ Скопје во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална серија меѓу Борац Чачак и Приморска. Победникот во наредната сезона ќе игра во елитната АБА лига, поразениот, пак, ќе игра бараж со Задар