Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: бугарско претседателство со ЕУ
Македонија е камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан.
Јас мислам дека Бугарија и бившата Република Македонија дадоа особен пример за тоа дека на Балканот има држави што со такт и добри намери можат да решаваат проблеми и да не доаѓаат кај вас со нивните проблеми. Договорот за добрососедство кој со децении, иако се работеше на него, не се усвојуваше, се потпиша пред неколку дена, завчера македонскиот Парламент го ратификуваше а се надевам тоа ќе го направи и бугарскиот.
Премиерот Заев беше храбар, како и ние. И сега искрено се надеваме дека меѓу Скопје и Атина ќе се заврши процесот за името затоа што тоа ќе даде голема перспектива за Скопје, ова не го кажувам случајно туку да не ги иритирам колегите од Грција. Треба да се даде перспектива за НАТО и ЕУ. Ова е место камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан.
Покрај односите со соседите Македонија мора да направи сложени реформи. Решениот проблем со Грција не ги отвора автоматски вратите на ЕУ.
Софија се надева дека во мај би можел да биде фиксиран датум за старт на преговори за членство со Македонија и Албанија.
Јункер на пролет доаѓа во посета на балканските земји, кандидати за проширување да им пренесе дека ЕУ перспективата е жива.