Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без реформи нема надеж за преговори за членство во ЕУ

0
By Светлана Јовановска on January 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 8, 2018 13:26

Бугарија се надева дека во април или мај Европската комисија (ЕК) ќе предложи отворање на преговорите за членство со Македонија, изјави денес во Брисел Димитар Цанчев, амбасадорот на Бугарија во ЕУ.

Тоа, според европските дипломати, значи дека дури во април ќе се ослободиме од условената препорака за членство што ја добивме пред повеќе од две години поради застој на патот кон ЕУ за време на претходната влада.

Но, пропаѓаат надежите на нашата влада дека ќе добиеме чиста, безусловна препорака во февруари кога ЕК ќе излезе со својата стратегија за Балканот.

Од европски извори НОВА дознава дека зад ова стои и спориот реформски напредок на Македонија. Во Брисел со незадоволство се гледа на долгиот одмор на Собранието од кое се очекува барем усвојување на итни но и квалитетни закони од областа на разузнавањето и законот за заштитени сведоци според препораките на експертската комисија на Прибе.

“Дури и да биде решен проблемот со името во наредните месеци, Македонија ќе се исправи пред голем проблем доколку не бидат направени итните реформи од препораките на Прибе. Земјите членки ионака се многу колебливи кога станува збор за зачленување на земјите од Балканот па ако нема реформи ќе пропадне надежта за брзо отворање преговори за членство”, предупредува еден европски дипломат.

Амбасадорот Цанчев ова и го потврди велејќи дека “сите држави од Западниот Балкан треба да ги исполнат критериумите а некои земји членки се особено чувствителни по тоа прашање”.

Димитар Цанчев, амбасадор на Бугарија во ЕУ

Според Цанчев, македонските власти покажуваат дека сакаат напредок со Грција и добро е што е постигнат договорот за доброседство во Бугарија:

“Но покрај односите со соседите треба напори на владата за продолжување на реформите. Треба да се направат тешки и сложени реформи. Вие сте на тој пат. Ние сме го поминале и сакаме да помогнеме. Конечно, сето треба да им биде претставено на нашите партнери во ЕУ за да ги убедиме дека Македонија ги исполнува барањата и може да одговори и да го направи чекорот кон почеток на преговорите. За тоа се важни и преговорите со Грција и нам ни дава надеж интензивната работа што постои меѓу двете влади и се надеваме ќе даде резултат”, вели Цанчев за НОВА.

Според нашите извори колебливите земји членки се Франција, Холандија, Белгија, Луксембург и Данска.

Тој со оптимизам додава:

“Она што треба да се направи може да се види во извештајот на ЕК од декември 2015 година. Новата влада што конечно дојде на власт има јасна волја да се продолжи по патот кон ЕУ”, вели тој.

Според Цанчев, Бугарија не може да го избегне користењето на привремената референца кога ќе зборува за нашата земја во наредните шест месеци во рамките на бугарското претседателство со ЕУ.

“Бугарија ја призна Македонија под уставното име но поради ЕУ ќе го користиме називот ПЈРМ”, изјави денес тој во Брисел.

 

Бугарија бугарско претседателство со ЕУ Димитар Цанчев ЕУ земји членки Македонија преговори реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.