Browsing: Футсал

Во последното коло во рамки на групата Ц, националниот тим ја совлада Албанија со 3:2. На стартот беше совладана Грција со 5:3, во второто и Сан Марино со 7:0. Главната квалификациска фаза за мундијалот е од 22 до 27 октомври. Македонски ривали во неа ќе бидат селекциите на Украина, на Словенија и на Косово. Домаќин на турнирот е Украина

Националниот тим под водство на Иван Божовиќ го декласира аутсајдерот од Апенините во групата Ц со 7:0 и го задржа првото место на табелата пред неделните мечеви од последното коло што ќе имаат формален карактер со оглед дека и Албанија го мина ова скалило од мундијалските квалификации

Избраниците на Иван Божовиќ го совладаа јужниот сосед со 5:3 и на најдобар можен начин ги најавија амбииците за лидерската позиција на табелата во групата Ц. Утревечер од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, националниот тим на мегдан со Сан Марино, три часа претходно ќе играат Грција и Албанија