Browsing: Ива Петрунова

Од град на солидарноста до престолнина на кичот. Обезвреднет, речиси без идентитет, пренатрупан и конфузен. Без концепт. Без континуитет. Без каква било естетска или уметничка вредност. Еколошки неподобен. Задушен. Уморен.Скопје денес сиво и немо сведочи за колапсот на вредности, за моралниот хаос, за парадоксот на општествената динамика што немилосрдно го „зафати“ (ни повеќе, ни помалку) во 21 век. Преполн со луѓе, градот исцрпено гестикулира за долгата транзиција, политичките кризи, недомаќинската економија, дивеењето на владејачките структури жедни и гладни за профит.