Browsing: Настава

Речиси 59 проценти од анкетираните директори, 58 проценти од анкетираните наставници во основното и 48 проценти во средното образование, како и 46 проценти од анкетираните родители ја поддржале редовната настава во училница во согласност со протоколите, покажало истражувањето на МОН, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување. Опфатени се мислења на околу 10.000 испитаници (210 директори на училишта, 6.400 наставници и 3.400 родители) прашани преку онлајн-анкета во јуни и јули

Македонци и Албанци заеднички да следат настава во еден клас е реткост во Македонија, но во тетовско Прељубиште интегрирано образование, ако така може да се каже, било привилегија. Во објектот во тетовско Прељубиште завршија две генерации кои следеа интегрирана настава, а беа дел од Средното стручно земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Проектот беше финансиран од „Нансен дијалог центар“ од Норвешка, но истиот во ова училиште заврши во 2015 година

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува, а настава ќе има од вторник. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече јаким Неделков, претседател на СОНК