Утрово кај Езерани: Пет розови фламинга во посета на Преспанското Езеро

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од македонското еколошкото друштво МЕД велат дека особено е интересно присуството на сабјарки, бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати