Browsing: странски агенти

Измените во Законот за медиуми и информации што ги потпиша рускиот претседател Владимир Путин сега за „странски агенти“ можат да бидат прогласени и одделни лица, првенствено новинари. Руското министерство за правда, според сопствени наводи, во својата евиденција води веќе 10 медиумски претпријатија како странски агенти. Во нив спаѓаат американската телевизија Гласот на Америка и повеќе претставништва на Радио слободна Европа и други. Германските медиуми, меѓу кои и Дојче веле, во Русија не се водат за „странски агенти“.