Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: „Тритерол Петрол“
Царинската управа забранила влез во државата на две цистерни на „Алма Транспорт“ кои носеле масла несоодветни на тоа што пишувало во нивната документација за увоз. Цистерните биле натоварени во Словачка и во Унгарија и успеале да стигнат на српско-македонската граница каде што пријавиле дека транспортираат адитив за масло и антикорозивно течно масло. Но, извори од граничниот премин пренесуваат дека по проверките на земените примероци било утврдено дека во едниот резервоар има масло со примеси на дизел гориво, а во другиот имало материјал кој имал изглед и состав на мазут, односно некаков нафтен дериват
Според податоци од Централен регистар во Тековната состојба за фирмата, во графата управител е запишано името на Љупчо Пецов, осуден на девет години казна затвор заедно со татко му Ангел и со мајка му Мариче во досието „Керозин“ во 2014 година. Семејството Пецови од Неготино тогаш беше осудено дека како злосторничка група преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта во институциите отколку предвиденото со договорите за јавни набавки и со тоа ja оштетиле државата за три милиони евра