Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со лажна содржина во декларациите се шверцуваат масла

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 26, 2019 11:50

Царинската управа забранила влез во државата на две цистерни на „Алма Транспорт“ кои носеле масла несоодветни на тоа што пишувало во нивната документација за увоз. Цистерните биле натоварени во Словачка и во Унгарија и успеале да стигнат на српско-македонската граница каде што пријавиле дека транспортираат адитив за масло и антикорозивно течно масло. Но, извори од граничниот премин пренесуваат дека по проверките на земените примероци било утврдено дека во едниот резервоар има масло со примеси на дизел гориво, а во другиот имало материјал кој имал изглед и состав на мазут, односно некаков нафтен дериват.

Со оглед дека едно се возело, а друго се пријавило, цариниците напишале записник и не им овозможиле на цистерните да влезат на македонска територија. Односно, прво било пријавено дека цистерните само ќе транзитираат низ државата кон Грција, потоа се премислиле, па пријавиле дека товарот ќе оди во склад во Неготино, за на крајот како примател на маслата да се пријави „Олма текс“ од Демир Капија. Но, ниту една варијанта на дистрибутерите на маслата на крајот не се исплатела, нивните цистерни се вратени назад. Каде се сега, не открива никој.

Цистерните се во меѓуграничен простор? 

„Алма транспорт“, според податоците во Централен регистар, е фирма во сопственост на Љупчо Пецов, затворски осуден во аферата „Керозин“, сопственик на „Тритерол петрол“
против која, како што пишувавме, е отворена постапка во Државниот пазарен инспекторат, откако неколку државни институции пријавиле дека се сомневаат во квалитетот на
нафтата за греење која им ја доставува оваа компанија. Сега, дали сопрените цистерни имаат врска со квалитетот на нафтата која ја дистрибуира „Тритерол“ ќе мора да
одговорат надлежните институции. Резултатите од анализите на нафтата за греење и натаму не се соопштуваат јавно, односно во Државниот пазарен инспекторат тврдат дека сè уште се на терен и дека наскоро ќе има одговор.

Анонимен читател ни испрати фотографии и оттаму ни започна потрагата, на кои, како што тврди, се сликани запленетите цистерни со неготински регистарски таблички. По проверките утврдивме дека станува збор за настан од октомври годинава. Од она што го имавме на увид како документација, бројот на регистрациите на камионите од фотографиите се идентични со регистрациите наведени во документите за транспорт на маслата. Тврдењето на читателот е дека цистерните се паркирани во просторот помеѓу македонско-српската
граница затоа што наводно Србија не сакала да ги прими цистерните назад. Во врска со ова, во Царината тврдат дека тие со придружба ги однеле цистерните кон Србија и дека сега не знаат каде се?

Пријавиле дизајнерски масла, а увезувале дизел и мазут

Со оглед дека Љупчо Пецов и натаму е недостапен за коменатар во врска со царинскиот инцидент, но и во врска со пријавите во пазарната инспекција за квалитетот на нафтата која ја дистрибуира, иако на службените мејлови му испраќаме пораки, консултиравме познавачи на нафтени деривати. Тие коментираат дека ако е точно дека во една од цистерните има масло со примеси на дизел тогаш тоа е најверојатно базно масло кое може лесно да се измеша со дизел, па дури и да се продава како дизел гориво на бензинска пумпа, ако е поквалитетно. Ако пак, во другата цистерна имало некаков нафтен дериват налик на мазут, тогаш тој може да се искористи за мешање со екстра лесната нафта за греење. Е сега, дали било во план маслата од двете цистерни да послужат за правење мешавини, а потоа тие да се дистрибуираат во малопродажбата, не може да знае никој затоа што цистерните се спречени од царината да се истоварат на домашна локација.

Одговор за овој случај побаравме во Царинската управа од каде што ги потврдија информациите на Нова ТВ. Изјавија дека направен е обид за царинска измама, односно “Олма текст“, за која постои сомнежи дека неофицијално се сопственички поврзани, сакала да избегне царински трошоци за маслата кои ги пренесувале, па затоа пријавиле друг тип на масла, од кои едното се царини со седум отсто од вредноста, додека другото масло е ослободено од царина. Станува збор за адитив и за антикорозивно масло, тоа се нов тип на дизајнерски масла, кои од минатата година се хит низ Европа, а составот потешко им се утврдува, а со тоа и тарифниот број за декларирање, па затоа и сомнежот дека токму тежината во одредувањето на типот на маслата, била причината поради која транспортерите мислеле дека ќе им помине товарот преку граница.

Сега за фирмата од Демир Капија, „Олма текс“ поведена е прекршочна пријава, но за која следува само парична казна во максимален износ од 6,5 илјади евра. Овој прекршок во царината не го третираат за кривичен. Висината на казната коинцидира со сумата која фирмата би ја ќарила доколку успееше да ги протне цистерните – од 4.000 до 6.000 илјади евра, за толкав износ ќе беше оштетен државниот буџет. Сега фирмите на Пецови се ставени на црвен аларм и секоја наредна пратка за увоз ќе им биде проверувана.

Ако се почитува препораката на Владата, ќе нема лоша нафта 

Резултатите од анализите на пазарната инспекција во врска со нафтата што ја дистрибуира “Тритерол петрол“, како и тоа дали во неа ќе има состојки кои се слични или исти на овие од цистерната, можеби ќе одговорат на дилемата дали обидот да се внесат маслата значел и прилика да се искористат за мешање со други масла. Веќе напишавме дека некои државни институции пријавиле проблем со нафтата за греење, но како државните установи да се заштитат од неквалитетна нафта?

Владата во октомври во 2017 година, на стартот од грејната сезона, донела информација за задолжителна контрола при приемот на горивото за затоплување на работните простории во сите државни и јавни установи. Во неа се наведени заклучоците дека сите институции на централно и локално ниво мора да вршат задолжителна контрола при приемот на горивото од добавувач кој поседува сертификат за потекло и хемиски состав на нафтата согласно закон, како и дека сите одговорни лица во државните органи мора да организираат внатрешна процедура која подразбира задолжително на полната и истоварената цистерна на баждирана вага, земање примерок и негово евидентирање при секој истовар заради утврдување на квалитетот на горивото.

Прашање е колку оваа строга препорака на Владата ја почитуваат органите на државната управа и колку имаат можности и капацитет да го спроведат овој систем кој ќе им гарантира безбедна нафта за греење. Ако институциите се мудри и ангажираат лиценцирани фирми за инспекциски надзор и при тоа го задолжат добавувачот на нафта дека за секоја нова тура мора да има документ за проверен квалитет и квантитет ќе изостане опасноста учениците и децата, но и административците да немаат нормално греење.

„Алма Транспорт“ „Тритерол Петрол“ нафта царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.