Browsing: ВТА тур

Американката во Абу Даби го одигра првиот меч по пауза од неколку месеци и породувањето во септември. И покрај поразот изрази задоволство што е повторно на терен. Овој како и настапите во првата половина на јануари ќе бидат нејзина подготовка за Австралија опен на кој ќе се обиде да ја одбрани титулата

Кам-бекот е најавен за средината на март, а поранешната шампионка на Вимблдон планира да настапи на Мастерсот во Мајами. Французинката се повлече во 2013 година поради мистериозна болест, еден месец по освоената титула на гренслемот во Лондон

Чешката тенисерка не покажа милост кон Ализе Корне од Франција и со 6:0, 6:3, за нешто повеќе од еден час игра, славеше во финалето. Во мечот за титулата во машка конкуренција утре ќе играат Нишикори и Димитров

Словачката тенисерка викендот триумфира на завршниот ВТА Мастерс во Сингапур по победата во финалето против Анџелик Кербер. Во сезоната ќе финишира како шести светски рекет што ветува уште подобри резултати во 2017 година