НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тага за една младост: Максим Димитриевски

0
By Биљана Секуловска on April 7, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2004 година, Максим Димитриевски, денес градоначалник на Куманово, имал 29 години.

Не велам дека тоа се зрели години, дека со отворени очи можете да ги распознаете страните на светот, да знаете каде се мести главата на перницата и дали воопшто мора да се спие со будилник над центарот за рамнотежа.

Тогаш кога понекогаш ја активираате главата, се прашувате каде таа е поврзана и зошто служи, уште не ви е јасно зошто ноќта мора да биде толку темна, а лисјата да ви прават сенки во собата. Не е се педантно секогаш на тие години, ништо во главата не е распоредено според некакви приоритети и логични форми на патокази.

Тогаш не знаете ништо, дали и воопшто слушате за нешто, не знаете за  војни и крвави тела на деца расфрлени низ мориња, зошто политиката служи и кому.

Ирак, Авганистан, Сирија, зошто и за кого се гине, кој ги праќа тие нечии синови во војна,  зошто лидерите носат кристални чаши во рацете, и покрај тоа што се одолговлекуваат примирјата.

Дали навечер ја бришат крвта од тие исти раце со кои се чукнале со чашите толку силно, што им напукнале?

Ништо не знаете на тие години- зошто е светот зол, а поезијата не секогаш ни е наклонета, затоа и не ја ни читаме, можеби само понекогаш Вислава Шимборска, кога пишува за “Монологот на кучето заплеткано во историјата”, кое тагува по својот господар, а тој, баш тој, неговиот господар, тој е оној заради кој тагувал светот. Не мора да се чита буквално оваа песна, но, како ви драго.

Такви мисли во тие години ни се преплетуваат, немаат некаква содржина, облик, смисол, но, да бидеме фер и до крај- таа драматична форма на постоење трае до крајот на животот и никогаш, дури и после тој крај не може да ни биде ништо сосема јасно, тоа е сигурно.

Тоа се олеснителните околности за нашиов градоначалник на Куманово.

Но, денес тој има 43 години. Тоа е младост, ќе залелека сега некој постар господин, ќе замавта високо со бастунот, но не премногу, за да ни ја нанишани точно главата, ех, секогаш постарите господа знаат колку сме безвредни и недостојни за нивното внимание.

Ќе рече господинот во посериозни години: градоначалников наш сега мора да биде поштеден, да не се говори и да не се пишува за него, да, се согласувам, тоа би било најдобро, тоа би било совршено.

Но, некако се создаде идејата за Максим Димитриевски, затоа што така идеите и се провлекуваат, баш во незгодно време, тогаш кога имате сосема друго на ум. Но, како што веќе е и случајот со Димитриевски, така и мојот ум не  секогаш се фокусира само на една линија, само некоја буква, неколку движења со прстите, затоа што никој не сака компјутерот да тагува како кучето на Шимборска.

Се ќе беше добро, ништо од ова немаше да биде напишано, ако Максим Димитриевски не посакаше да прави спомен плочи на пријателите на неговиот град Куманово, на оние кои најмногу инвестирале.

Меѓу ние е и  приватната американска фирма „Келог, Браун и Рут“.

Во 2004 година Максим Димитриевски имал 29 години. Тоа се сериозни години, не ги издржува секој, пенкалото мора да биде постојано во рака, или барем главата на раменици, тешко се оди, патот особено, никој не го знае, ниту пак сериозно го интересира, но така е секогаш во животот, се до крајот.

Тоа се олеснителните околности за Максим Димитриевски.

Тогаш, 2004 година, кога тој имал 29 години, во Ирак радикалните исламистички групи киднапираа тројца Македонци, кумановци- Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ.  Тогашните информации велеа дека нивните тела не биле пронајдени.

Светот беше во агонија, Македонија не сака да се сеќава на тие години. Претседател беше Бранко Црвенковски, премиер- Хари Костов, министерка за надворешни- Илинка Митрева. Веројатно тоа беа едни од нивните најтешки години, после 2001 година. Тоа беше период кога во А1 ТВ секојдневно известував за овој настан, заедно со моите колеги.

Владин тим предводен од тогашниот заменик-министер за надворешни, Фуад Хасановиќ, беше во “Ал Џазеира”, во Катар, за да ја прегледа снимката која беше испратена до оваа телевизија, а претставуваше доказ за нивната смрт. На таа снимка, милитантната група која себе се нарекуваше Исламистичка армија на Ирак, ја потврди нивната смрт, со образложение зошто биле убиени- обвинети беа дека шпионирале во корист на САД.

Нивните глави беа отсечени.За двајца од нив таа вест беше потврдена, додека за третиот немаше детали.

А, да. Овие тројца млади луѓе работеа за Келог, Браун и Рут.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.