На 8-ми декември во Арена „Борис Трајковски“ ќе настапат „Пендулум“, „Нувел Ваг“, „Мандо Диао“, „Терапи?“, „Дубиоза Колектив“, „Рахзел“,„Смат“ „Трад Да Фак Ап“, „САФ Саунд Систем“.
Музичката програма оваа вечер ќе трае повеќе од 8 часа и ќе се одвива на вкупно три бини, во арена „Борис Трајковски“ која за финалната прослава на целогодишното одбележување на 20-тиот Таксират во Скопје, ќе биде претставена во сосема поинакво издание од досега и целосно „трансформирана“ во духот на најголемиот зимски урбан фестивал во регионов.
Билети за Таксират 20 од првата промотивна фаза се целосно распродадени, па сите оние кои допрва ќе ги набавуваат своите влезници треба да бидат брзи за актуелната промо-цена од 650 денари која важи само за строго ограничен број на билети.