Африканската држава Танзанија ја призна независноста на Косово.
За претседателот на Владата на Косово, Беџет Пацоли, признавањето е резултат на голем труд и неговите чести патувања во африканските држави.
Во косовската Влада, тој е задолжен за лобирање за признавање независност.
Според податоците на сајтот „Kosovo thank you“ до сега Косово го признале 98 земји- последната е Пакистан во декември 2012, јави Б92.