Славниот режисер Квентин Тарантино го ангажирал белградскиот стрип цртач Рајко Милошевиќ Гера да му изработи стрип верзија на филмот „Џанго одмазникот“.
Тарантино за овој филм доби Оскар за оригинално сценарио и сега лично го адаптира за стрип, за тоа кој да го црта, тој без двоумење го ангажирал српскиот стрип цртач, кој дваесетина години професионално се занимава со стрип во Барселона и важи за една од светските ѕвезди на стрипот.
Оваа соработка трае од 2009 година и веќе е распродаден првиот тираж на стрипот.