Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тарчуловски: Чест и должност е да се бранат домот и народот

0
By Нова ТВ on April 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заедно, обединети, сплотени, тоа е Македонија што мене и на сите нас ни дава сила, рече Јохан Тарчуловски од централната бина на Градскиот плоштад во Скопје, поздравувајќи го големиот број граѓани кои дојдоа да му дадат поддршка.

Изразувајќи благодарност за дочекот, Тарчуловски напомена дека секој Македонец треба да даде максимум од себе, да се бори и да прави се за Македонија.

– Браќа и сестри, сакам од срце да Ви заблагодарам за овој дочек, за поддршката што ми ја дававте изминатите години, мене и на моето семејство. Таа енергија ја чувствував илјадници километри од родната земја. Ми го јакнеше духот, ми помогна да издржам, да победам се со што се соочував, да ги надминам сите лични предизвици. Сите вие секогаш ќе можете да сметате на Јохан, рече Тарчуловски.

Осврнувајќи се на престојот во затворот, поминал, како што нагласи, многу тежок период, период на соочување со себе. Размислувал за многу работи кои му се случиле и што допрва треба да се случат.

– Поминав илјадници секунди, минути, денови, години меѓу четири ѕида, часови на мешани чувства, милион мисли, анализи. Научив животна лекција. Размислував на нашите херои, Гоце, Даме, Ченто, Кузман, Питу, на сите револуцинери од Илинден и ВМРО, на сите борци од НОБ, на сите мои соборци од татковинската борба, на тигрите, лавовивте, волците, војниците, полицајците, резервистите, доброволците и знаев, знаев и сфатив дека никогаш не згрешив, потенцира Тарчуловски.

Бил во право, додаде, дека некогаш во животот човек мора да собере сила и да го стави сопствениот грб како поткрепа на својата држава, на својот народ, да се оддолжи кога е најпотребен, онаму и на она поле каде што може, за земјата што го родила и му дала да живее.

– Како одговор на сите мои размислувања, одовде, од овој македонски плоштад, од срцето на Македонија, ќе го кажам она што многупати го имам кажано, дека секогаш и секаде ќе и бидам верен на Македонија. Кога беше најтешко и кога Македонија ме повика, јас одговорив. Знаев дека чест и должност на секој човек е да го брани својот дом, своето семејство, својот народ и својата мила мајка Македонија. Тоа беше мојот повик. Сите ние, браќа и сестри, треба секогаш да сме свесни за тоа. Македонија е нашата татковина. Ние сме минливи, сега сме ние, ќе дојдат други генерации по нас. Но една работа останува, а тоа е Македонија, рече Тарчуловски.

Тој порача дека треба да сме мудри, храбри, свесни и совесни за да ги победиме сите предизвици со кои се соочуваме на внатрешен и на надворешен план и да извлечеме се што е најдобро за државата.

– Кога ја гледам енергијата на сите овие луѓе, кога ги гледам очите на луѓето кои ме поздравуваа, сигурен сум дека ќе победиме. Само со заедништво можеме сите лоши работи да ги оставиме во минатото и да правиме успеси. Да бидеме како едно, да ги збиеме редовите, да се соединиме околу идејата за напредок и силна Македонија. Обединети ќе сме силни и ќе се почитуваме повеќе, така ќе имаме повеќе можности. Така и Македонија ќе победи, рече Тарчуловски, повикувајќи македонскиот народ, без разлика на верата, да продолжи да живее како досега, со меѓусебно почитување и помагање.

Тарчуловски беше пречекан на плоштадот со песната „Добредојде“ од сопругата Соња Тарчуловска, како и со македонската химна која ја изведе Сашо Гигов-Гиш. Отпеана беше и „Едно име имаме“ по што следуваше рецитал на „Т`га за југ“.

Јохан денеска, откако пристигна на аеродромот „Александар Велики“, се сретна со премиерот Никола Груевски и со високите владини претставници во чија придружба потоа положи и цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Со владиниот авион пристигна на скопскиот аеродром околу 15 часот, а на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Груевски. Пред насобраните граѓани порача дека жртвата за Македонија нема цена. – Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска. Во моите први зборови на ова свето македонско тло сакам да изразам голема, гоолема благодарност до сите македонски бранители, сите они кои се со нас сега и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени. Помина долго врме, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодарам на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.

На скопскиот плоштад се уште трае прославата организирана во чест на неговото враќање. Настапуваат македонски пејачи од забавната и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.