Јохан Тарчуловски денеска излезе од затворот во градот Диц, Германија, каде што издржуваше затворска казна поради сторени воени злосторства во конфликтот во Македонија во 2001 година, јави „Дојче Веле“
По излегувањето од затворот Тарчуловски бил пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, како и од македонските амбасадори во Германија и Холандија.
Според информациите на НОВА, Тарчуловски ќе биде донесен во Македонија со владиот авион, кој веќе три дена се наоѓа во Германија.