Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тасева и Малиновски ќе ја водат ревизијата за Скопје 2014

0
By Сашка Цветковска on May 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за ревизија од денеска почнува да ги “чешла” документите од проектот Скопје 2014 во општина Центар. Градоначалникот на општината, Андреј Жерновски го презентираше составот на комисијата за ревизија. Слаѓана Тасева, поранешен претседател на Антикорупциската комисија и претседателка на македонскиот огранок на меѓународната организација Транспарентност Интернешнл заедно со поранешниот претседател на

Антикорупциската Драган Малиновски ќе ја вршат ревизијата и анализата на достапната документација од проектите од Скопје 2014 во реализирани преку касата на општина Центар. Тие треба да оценат како се одвивале набавките и постапките за проектот и дали доследно се почитувале законите.

Првиот прелиминарен извештај ќе биде готов за 90 дена, додека финалниот се очекува да биде завршен за шест месеци.

Покрај работата на оваа независна комисија во општинат Жерновски ќе поднесе барање за ревизија и до Државниот завод за ревизија и до меѓународна ревизорска куќа.
И Тасева и Малиновски изјавија дека ќе работат професионално и без политички притисоци.

-Очигледна е потребата од оваа ревизија, поради тоа што за периодот на имплементација на проектот Скопје 2014 граѓаните беа хендикепирани затоа што не им беа достапни податоците околу начинот, постапката и финансиските трансакции при нивната реалиција.
Ова е обид транспарентноста која изостануваше за тој период сега да им ја овозможиме на граѓаните – рече Малиновски.

-Сето тоа ќе се работи многу професионално, врз основа на сите постоечки закони и процедури. Она на што инсистиравме и за што најпрво се договоривме е дека ќе биде обезбедена апсолутна транспарентност и во секоја фаза од постапката граѓаните ќе бидат информирани, изјави Тасева.

Градоначалникот одлучи да ја одржи прес конференцијата во собата каде се чува документацијата од Скопје 2014. Тој забележа дека тоа е преградена соба која порано била дел од поголема просторија и дека е единствената соба во општината која има две врати, односно врата со излез директно на улицатата надвор од општината.

-Не сакам да алудирам на ништо, и јас како и граѓаните само слушав гласини дека во помеѓу првиот, вториот и третиот изборен круг од општината се изнесувале документи, но тоа, сепак, се шпекулации кои јас не можам да ги потврдам засега, рече тој.

– Тоа вопшто не го правам поради политички реваншизам, туку затоа што сите, како политички паретии и како институции, барем декларативно се залагаме за транспарентност во нашето работење. Од овој момент сите информации ќе бидат достапни до заинтересираните граѓани, новинари, институции или невладини организации. Нема да се работи како што досега се работело, при што беше грубо прекршен законот за слободен пристап до информации. Од денеска, кој сака да има пристап до овие информациим, ќе го има овој пристап – рече Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.