Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таткото на Јана:Не знаевме дека треба да ги стопираме донациите

0
By Менче Атанасова Точи on April 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не знаевме дека треба да ги прекинеме донациите и да ги замрзнеме сметките се додека не се јавивте вие. Ова денеска за НОВА го изјави таткото на Јана, Славчо Грбевски кој се обиде да објасни што се случувало изминатите десет дена откога од Фондот за здравство им било одобрена рехабилитација во Германија.

„Не знаевме дека треба да се стопираат донациите, се додека не се јавивте вие. Во Фондот ни рекоа да не објавуваме ништо додека не се заврши целата работа со одобрението, затоа така постапивме. Од донациите каде има околу 15 000 евра извадивме еден мал дел кои ни беа потребни за почеток во Германија. Доколку се биде во ред со нашата ќерка, ако е потребно останатите пари ќе ги донираме некаде“, изјави Грковски.

Од друга страна, од Фондот за здравство се децидни дека не е точно дека од таму не дозволувале јавно да се каже за добиено решение за лекување во странство, напротив велат од таму, ние сме транспарентна институција која се грижи информациите да стигнат до сите луѓе.

Но, од Фондот потенцираат дека има и други случаи кога апелите за донации не се прекинати иако им биле одобрени средства за лекување во странство.

„Сметаме дека јавноста треба да е информирана кога има апели за донации и дека Фондот одобрил лекување за да знаат граѓаните како да постапат. Би сакале тука да додадеме и дека има и други барања за апели за донации за осигурени лица за кои Фондот има одобрено лекување во странство, но тие сеуште стојат како активни апели за донација. Не навлегуваме во мотивите на мајката дали да објавува или не за одобрението“, се вели во одговорот на Фондот.

fzo

Вчера Биљана Милошевиќ, една од организаторките на хуманитарната акција, за НОВА потврди дека мајката не и дозволувала да ги прекине донациите со образложение дека од Фондот и било советувано да не кажува јавно дека добиле решение за лекување во странство.

„За тоа дека биле одобрени средства за лекување дознав ден по завршување на хуманитарната акцијата на Скопски саем. Мајката цело време ме притискаше да не објавувам дека добиле пари за лекување од Фондот“, изјави Милошевиќ .

Еве и дел од нивната комуникација која се одвивала на Вибер, но и во редакцијата на НОВА.

„Директорот на Фондот, министерот Тодоров и доктор Софијанова нагласија, работата да се држи во тајност бидејќи ќе се побунат другите мајки со деца кои имаат вакви здравствени проблеми“, се вели во комуникацијата Марија, мајката на Јана.

Од Клиниката за детски болести велат дека ова не е прв случај пратен на рехабилитација,туку дека секој што има потреба од понатамошен третман треба да добие шанса да замине во странство. Директорката Аспазија Софијанова тврди дека девојчето е прво што е пратено во овој Центар за рехабилитација во Германија, а идејата била да се види како тече рехабилитацијата, за подоцна да испратат и тим на обука кои истите работи ќе ги пренесат и во македонското здравство.

„Идејата е да с е в иди како тоа се прави таму, а тим од психолог, физијатар и лекари треба да с е обучи за ваков вид на рехабилитација“, изјави Софијанова за НОВА. Таа рече дека не и биле вршени притисоци ниту одФондот, ниту од Министерството за да се даде конзилијарно мислење за девојчето, но и било сугерирано да „види што е со ова дете“ бидејќи терминот за да биде примена таму се ближел. Оваа комуникација била со комисиите од Фондот и била континуирана, исто како и за другите случаи, рече Софијанова.

sofijanova

Директорката нагласи дека семејството воопшто не го познава ниту имала контакт со нив. Еве и дел од реакцијата на клиниката:

„ Секако се соочуваме секојдневно со родители кои инсистираат по секоја цена нивното дете да замине во странство, на нас останува да процениме дали истиот третман би го добиле и кај нас и потоа истото да им го објасниме и на нив. За оние деца кои имаат потреба од понатамошен третман во странство, ние правиме конзилијарни мислења и стоиме зад нив како лекари. Принципот за праќање оди според индикацијата, а не како што се имплицира ,,врските“.

Доказ за тоа се десетици деца пратени на лекување надвор и многу поголемиот број излекувани на Детската клиника“, се вели во соопштението од таму. Случајот со семејството кои десет дена криеле дека им биле одобрени средства за лекување ја отвори дилемата што се случува со донациите, дали се користат правилно, добива ли секој конзилајарно мислење и право за лекување во странство. НОВА ќе продолжи да ја анализира оваа проблематика.

** Семејство криело за одобрение од Фондот и собирале донации од граѓани

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.