Главниот ирански објект за збогатување ураниум во Натанц е оштетен во израелски напад, објави денес Иранската агенција за атомска енергија.
Агенцијата наведува дека комплексот има надземни и подземни објекти и дека сè уште не е познато што точно е оштетено, но дека нема пријавени жртви, објави Си-Ен-Ен.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека иранските власти потврдиле дека Натанц е „погоден“, но дека нема покачени нивоа на зрачење.
Гроси им кажа на членовите на одборот на МААЕ дека другите нуклеарни објекти на Иран – Исфахан и Фордов – „не се погодени“.