Тексашките Демократи успеаја да го блокираат законот со кој ќе се затворат повеќето од клиниките за абортусот во државата, јавува Би-Би-Си.
Сенаторката Венди Дејвис, Демократка, зборуваше повеќе од 10 часа, во говор познат како вршење опструкција (filibuster), во главниот град Остин.
Републиканците не успееја да го поминат законот- гласањето беше прогласено премногу доцна- со оглед на тоа што полноќ беше крајниот рок.
Според Нацрт-законот, ќе се забрани абортус по 20 недели од бременоста.