Најмалку три лица се убиени вечерва во престрелка во Тел Авив, изјавил претставник на болницата во Тел Авив за Си-Ен-Ен.
Престрелката избила во близина на еден од најпопуларните пазари на отворено во Тел Авив, изјави израелскиот полицискиот портпарол Мики Розенфелд. Најмалку шест лица се повредени.
Едно лице е уапсено, Розенфелд објави на неговиот официјален Твитер профил. Полицијата трага по еден осомничен, рече Розенфелд.
Информации за мотивот за убиството не се соопштуваат.
Пукањето се случило околу 21 часот по локално време во близина на пазаротСарона, област за забава, преполна со луѓе во ресторани и кафулиња.
Областа на пазарот беше сосема исчистена, за да можат полицајците да извршат истрага на местото дали има експлозиви, рече Розенфелд.
“Посебни патролни единици се уште работат во областа за да се увериме дека не постои повеќе опасност”, рече тој.