Лидерите од Латинска Америка и пошироко се собираат во Венецуелскиот главен град Каракас за погребот на претседателот Хуго Чавез, јавува Би-Би-Си.
Спред плановите, телото на Чавез ќе биде однесено воен музеј за да биде изложено уште седум дена, а потоа ставено на постојана поставка, откако ќе биде балсамирано, најави заменик-претседателот Николас Мадуро.
Денеска, г-дин Мадуро треба да биде инаугуриран како вршител на должноста претседател и според правилаата, мора да се распише избори во рок од 30 дена.