Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темата самоубиство во медиумите – табу и инструментализација

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

На крајот на годината и почетокот на оваа во БиХ се случија неколку самоубиства на личности од различна генерација, пол и професија. Медиумите наведените случаи ги објавија како дел од црната хроника. Со обзир на впечатливоста на наведените случаи на самоубиство, се наметна и прашањето на третирање на проблемот самоубиство во боснохерцеговинското општество. Самоубиството, подеднакво индивидуален и општествен феномен, е сведено на симплифицирана форма на сензација, посебно доколку се работи за помлада или популарна личност.

За самоубиството не се зборува како за феномен кој има свои причини. Доколку причините се наведат, често се споменува една можна причина. Американскиот институт за ментално здравје таквиот пристап го наведува како погрешен. Тие сметаат дека секое симплифицирање е погрешно и дека до самоубиство водат барем неколку фактори и нема секоја личност да се одлучи на самоубистсво само поради љубовни или финансиски проблеми и така натаму.

Во насоките на тој Институт се наведува и дека не треба да се објавува фотографија од местото на несреќата, како и дека треба да се земат изјави од стручни лица, психолог, за со прилогот да се направи превентивна нота, број на СОС телефон, охрабрување на луѓето со проблеми да побараат помош. Причината за сите наведени мерки лежи во таканаречениот Вертеров ефект, фактот дека луѓето знаат да го имитираат самоубиството доколку за него дознаат во јавноста. Прилозите за самоубиство може да бидат мотивирачки за личноста која и самата сака да изврши самоубиство. Во мнозинството случаи во БиХ, овие насоки не се почитуваат. Но, не може само тоа да се наведе како причина зошто бројот на самоубиства се зголемува.

Уште во 2015 година се појави информација за зголемување на бројот на самоубиства во Република Српска, дел од БиХ. Националистичкиот медиум Став тоа го претстави како иронија за „добро дело за БиХ“ (цитатот е на политички функционер од РС, кој непримерно го исмејаа во магазинот Став). На тој начин проблемот самоубиство се сведе на примитивна националистичка расправа, а статистиката за бројот на самоубиства во натпреварување помеѓу две национални групи. За трагедијата на семејствата, за хуманистичките вредности и професионална етика во новинарство не стануваше збор. Податоците не се поправија ни во наредниот период.

Податоците кои ги нудат Федералната полиција и Министерството за внатрешни работи на Република Српска за 2017 година, покажуваат дека преку 300 луѓе си ги одзеле животите до десеттиот месец. Во воведот се споменуваат нови самоубиства кои само ќе бидат додадени на бројката.

Самоубиството, според стручните лица, мора да се претстави со доза емпатија, а не само суво известување заради Вертеровиот ефект, како превентивна мерка за оние кои размислуваат за самоубиство, а се уште не се обиделе. Заради тоа мора и на самата статистика да се пријде внимателно, нагласувајќи дека статистиката е генерална, спореден фактор во поединечна трагедија, на која мора да и се пристапува на друг начин од случај до случај.

Сепак, статистиката е потребна. Нејзината потреба особено се осознава во поствоените општества како БиХ. Имено, иако ВиХ излезе од војната со голем број на луѓе кои болуваат од Пост трауматско стресно пореметување, во случај на самоубиство скоро никогаш не е организирана ниту една емисија која би ги имала како тема самоубиствата или поствоените трауми. Таа тема е апсолутно табу, иако е позната во светот. Дури може да се заклучи дека владејачката елита во БиХ свесно го крие бројот на борците кои си го одзеле животот после војната, се до денес.

Со оглед на непостоењето на прецизни податоци, за оваа тема може да се зборува на теоретска смисла. Имено, податоците за бројот на самоубиства значајно ја нарушува сликата која националистичките првенци сакаат да ја дадат на јавноста – за нивната грижа за поранешните борци. Со оглед на тоа дека таа бројка фундаментално покажува негрижа, а знаејќи дека мнозинството медиуми во БиХ се во рацете на националистите, таквите теми остануваат маргинализирани и скриени.

Поводот за самоубиствата, според насоките, не смее да биде симплифициран. Односно, за повод не може да се наведе само една причина, посебно не за поголем број луѓе. Сепак, не е ретко, еден повод да се премолчува. Така на темата самоубиство во БиХ многу ретко и се приоѓа од социоекономска страна. Повторно како причина се наметнува мешањето на власта во медиумите и желбата да се сокрие тешката материјална состојба во државата. Имено, низа светски институции ја поставуваат БиХ на дното европски земји по сиромаштија. Несомнено, тоа е значаен фактор кој може да допринесе за самоубиство.

Така неодамнешниот случај на самоубиство на рудари во БиХ , поточно во Зеница, е игнориран, иако постоеше јасна врска со тешката материјална состојба поради неисплаќање на долговите на на фирмата кон Пензискиот фонд.

Најчесто за самоубиството се зборува како за чин на лудило, без да се анализираат причините. Не постои ни институција која би се занимавала со тоа на државно ниво, иако е потребна за поствоено општество. За самоубиство често зборуваат некомпетентни личности како верски службеници. Самоубиството се набљудува како уште една смрт на која и е потребен церемонијален закоп. Но, со оглед на тоа дека абрахамските религии забрануваат „кревање рака на себе, божјото дело“ така често интимниот чин на самоубиство се претвара во религиозна приказна. Понекогаш за самоубиството се зборува и како дело на демонски сили. За жал, такви наративи може да се слушнат во помалку популарните, локални медиуми кои се во блиска врска со религиозните институции.

Сето наведено покажува дека постои системски мрак и свесно одржување на табу на темата самоубиство во кое учествуваат медиумите и политиката заедно. А и самото известување на таа тема се води со непрофесионални практики, сензационализам, симплифицирање, па се до националистичко славење и пребројување во која нација има повеќе самоубиства.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.