Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темелите на Клинички на почеток на идната година-Филипче не знае детали за кредитот

0
By Менче Атанасова Точи on July 31, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стартот на изградбата на новиот Клинички центар од крајот на оваа година како што беше најавено вчера, се пролонгира на почетокот на наредната година. Новиот Клинички центар ќе чини 500 милиони евра, а парите од кредитната линија ќе бидат обезбедени од конзорциум од три банки: „Рајфајзен банк“, „Уникредит“ и „Ерсте груп“ кои биле избрани во селекција од шест други понуди, информира на денешниот брифинг со новинарите во Влада, министерот за здравство Венко Филипче.

„Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки. Шест од нив одговорија по што е избрана понудата која беше најповолна, проектот да се финансира од банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит““, рече Филипче на брифингот со новинарите, во Влада.

Филипче како министер за здравство под чија палка е овој најголем проект во државата- не знае под кои услови ќе биде финансирањето, колкави ќе бидат каматните стапки и на колку години граѓаните ќе го исплаќаат кредитот за овој грандиозен објект и на одговор упати во Министерството за финансии.

„ За овие работи најдобро да упатите прашања во Министерството за финансии, тие ги правеа анализите и ќе кажат детали колку државата е задолжена за новиот Клинички центар. Условите под кои ќе се враќа кредитот ги имаат во финансии, па не би сакал да шпекулирам со бројки “, одговори Филипче на новинарски прашања.

Тој најави дека во тек е технички дијалог, а на почетокот на август ќе биде распишан тендер во кој ќе бидат вклучени во пакет проектот, изградбата, опремата и обуката на персоналот. Филипче најави дека проектот и сите  инфраструктурни работи, струја, вода, гас, сеизмолошки испитувања за хелиодромот ќе бидат завршени до крајот на годината.

Клиничкиот центар ќе биде со површина од 105 000 метри квадратни, а ќе се гради на земјиште од 30 хектари. Изградбата ќе се одвива во три фази, а целосно се очекува да биде завршен за 7 години.

За разлика од претходниот проект за Клинички центар кој требаше да биде на површина 61 500 метри квадратни и да чини 72 милиони евра, новиот е двојно поголем во однос на површината но, е седум пати поскап од претходниот.

Физибилити студијата која беше договорена на ниво на влади меѓу Австрија и РС Македонија со бесплатна правна помош е веќе готова и наскоро ќе биде ставена на јавна расправа. Филипче потенцираше дека се што прават е во консултација со опозицијата.

На новинарско прашање што ќе биде со сегашниот Клинички ценатар, Филипче одговори дека дел од него ќе остане и ќе се искористи за здравствени услуги на граѓаните во овој дел од градот, но деталите се уште не се прецизирани.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.