Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал закажаа 54. меѓусебен дуел на АТП турот. Овојпат за титула на Мастерсот во Рим што се игра за награден фонд од 5.207.405 милиони евра. Српскиот тенисер во полуфиналето го елиминира Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:7, 6:3 додека Шпанецот во два сета беше подобар од Стефанос Циципас со 6:3, 6:4.
Ѓоковиќ има подобар биланс во директните пресметки со Надал и води со 28:25, неделното финале ќе биде негово 49. на турнирите од Серијата 1.000 и ќе атакува на 34 трофеј. Машкото финале во Рим е утре со почеток во 16 часот.
Во женското финале во Рим, пак, ќе играат Џоана Конта и Каролина Плишкова. Британката со пресврт ја порази Кики Бертенс од Холандија со 5:7, 7:5, 6:2, чешката тенисерка одигра сет помалку со Марија Сакари од Грција и славеше со 6:4, 6:4.
Доколку Плишкова ја освои титулата, ќе се врати на втората позиција на ВТА листата. Утре попладне по шести пат ќе игра со нејзината грчка колешка против која води со 5:1 во досегашните средби.