Четири кинески бродови поминаа над 24 часа во територијалните води на Јапонија, кои земјата ги смета за свои поради што Кина протестираше, јавува Ројтерс.
Односите меѓу двете држави се напнати веќе неколку месеци поради спорот околу островите во источното кинеско море.
Кинеските бродови и порано доаѓаа во водите блиску до ненаселените острови кои ги контролира Јапонија, но двете земји ги сметаат за свои. Бродовите порано не се задржуваа толку долго, туку си одеа по неколку часа.
Јапонија поради задржувањето на бродовите протестираше кај кинеските власти со барање бродовите да се повлечат. Кинезите одговорија дека четирите бродови само патролирале околу островите.
Проблемот настана откако Јапонија ги купи островите од приватен сопственик што многу ја налути Кина.
Само пред два дена Кина демострираше сила кога во Јужното кинеско море отвори оган на отворено море (видео).