Северна Кореја не може еднострано да го поништи примирјето од 1953 година со кое заврши Корејската војна, соопштија денеска Обединетите нации.
Ова следи по заканите за воена акција од страна на Пјонг Јанг доколку продолжат воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја.
ООН минатата недела воведоа нови санкции за Северна Кореја откако земјата ја одржа третата нуклеарна проба.
Сеул одговори ставајќи ги своите трупи во состојба на највисока готовност.