Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензично во Подгорица: Приведени осум лица поради напади врз Турци

0
By Zoran Ivanov on October 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вечерните часови некои од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување возила и дополнителни полициски интервенции.

Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.

Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци.

Според соопштението, полицијата го идентификувала и по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, го уапсила П. М. (35) од Подгорица.

Полицијата објави дека постои сомневање дека на 26 октомври, преку своите профили на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, објавил заканувачка и навредлива порака упатена кон турските граѓани што живеат во Црна Гора, со која поттикнува омраза и нетрпеливост на национална и верска основа.

Поради сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување на штета на тројца турски државјани, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, уапсени се Б. С. (26), Ф. Ѓ. (25) и М. П. (31) од Подгорица.

Се сомнева дека тие физички нападнале турски државјани во населбата Забјело удирајќи ги со тупаници, со нозе и користејќи палки, а кои на овој начин добиле телесни повреди. При претресот од нивното возило се пронајдени и одземени факли и фантомки, се вели во соопштението на Полициската управа.

Додаваат дека Т. Б. (24), Б. Б. (22) и Ф. Ј. (18) се уапсени за сторен прекршок од член 7 од Законот за јавниот ред и мир на штета на турски државјанин. Тие се осомничени дека синоќа физички нападнале турски државјанин во населбата Забјело.

Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани.

За време на активностите спроведени на територијата на Подгорица, издадени се 30 прекршочни налози, две лица се насилно отстранети, две се протерани од земјата, а на тројца странски државјани им е откажан престојот, посочи црногорската полиција.

Пред два дена во подгоричката населба Забјело дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе две лица – еден турски и еден азербејџански државјанин – поврзани со случајот.

По нападот, следуваа масовни полициски контроли и приведувања на околу 45 турски и азербејџански државјани беа задржани во рамките на проверка на престој и документи, што предизвика реакции и во Турција од страна на државниот врв.

 

инциденти Подгорица тензично
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.