Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии и немири во Скопје – како почна се?

0
By Сашка Цветковска on March 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Повредени полицајци, превртени и искрешни автомобили и автобуски станици, запален автобус, превртени и запалени контејнери, искршени прозорци и мирис на чад и солзавец кој не поминува – ова е исходот од денешните судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

Бит-пазар буквално изгледа како да се војувало. Ништо подобро не е ниту на мостот „Гоце Делчев“, каде околу 13 часот прв пат се судрија демонстраните и полицијата.

А како почна се? Вчерашните протести од попладнето кога група демонстранти излезе да го изрази своето незадоволство поради именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана излезе од контрола.

Група хулигани кои биле дел од толпата, како што јави и полицијата, при демонстрациите нападнаа неколку деца Албанци, при што неколкумина  беа повредени.

Овие фотографии подолу се направени од фоторепортерот на „Фокус“ Томислав Георгиев. На првата фотографија објективот на Георгиев го уловил моментот кога еден од хулиганите напаѓа дете, а втората и третата фотографија покажуваат повредено дете и случајни минувачи кои се обидуваат да помогнат заедно со полицијата.

Mоментот кога еден од хулиганите напаѓа дете

 

 

Иако овие протести се поврзуваа со партијата Достоинство, нивниот лидер Стојанче Ангелов остро демантираше дека тие на било какво начин се поврзани со вчерашните протести и инциденти.

Тој тврдеше дека неговите протести биле закажани за денес во 12 часот во „Жена парк“ и дека некој намерно се обидува да му ја подметне одговорноста за настаните. Следното видео ги илустрира вчерашните судирите помеѓу полицијата и демонстрантите.

По овие настани од вчера, денес на пладне пред владата се собраа млади Албанци, наводно организирани преку социјалните мрежи за да го покажат револотот против тепањето албански деца.

Во прво време пред Владата беше мирно, но потоа толпата почна да фрла со камења по зградата на владата, полицијата, како и да го го крши околниот инвентар. Полицијата најпрво со кордон и оклопни возила се обиде без употреба на насилство и оружје да ја разбие толпата. Толпата и полицијата се движеа по мостот „Гоце Делчев“.

Кај музејот на Холокаустот ситуацијата излезе од контрола, а толпата почна повторно да фрла со камења по полицијата, по зградите од Скопје 2014, а превртеа и неколку автомобили кои беа паркирани во близината. Тогаш настана судирот, а полицијата почна да употребува солзавец и димни бомби со цел да ја разбие групата. Ова видео е снимено за време на немирите на мостот „Гоце Делчев“.

Групата навидум беше разбиена. Кордон полиција стоеше на крстосницата кај „Мавровка“ и уште еден кај поликлиниката Бит-пазар. Имаше приведени, но дел од топлата успеа да се разбега во чаршијата. Таму беше искрешне ЛГБТ центарот на Хелсиншкиот комитет. Се затворија речиси сите дуќани, како и пазарот.

А случајните минувачи и дуќанџиите седеа заклучени во своите дуќани. На битпазар избија уште два судири помеѓу полицијата и демонстрантите, се употреби многу солзавец и димни бомби, се искршија сите автобуски постојки и се запалија сите контенјери на булеварот. Ова е видеото од немирите на Битпазар.

Инцидентот ескалираше кога по половина час, и покрај присуството на стотици полицајци и специјалци групата успеа целосно да запали автобус. Следните снимки се од запалениот автобус на подвозникот кај Битпазар.

Засега извори од МВР, неофицијално говорат дека има најмалку петмина приведени и десетина повредени полицијаци. Официјален став нема од ниту една институција.

Коментари нема ниту од ВМРО ДПМНЕ ниту од ДУИ.

АВТОР: САШКА ЦВЕТКОВСКА

ФОТОГРАФИЈА: ТОМИСЛАВ ГЕОРГИЕВ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.