Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теофил Панчиќ во март во Скопје како дел од книжевна резиденцијална програма

0
By Нова ТВ on March 4, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје престојува Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа.

Главна цел на престојот и на целокупната програма е да се продлабочат контактите со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Македонија, како и подготвувањето на неговата најнова книга есеи за постјугословенската книжевност и интелектуална атмосфера.
Во текот на месецот Панчиќ пред македонската јавност ќе се претстави со авторска вечер, а ќе учествува и во други настани и тркалезни маси.

Теофил Панчиќ е роден токму во Скопје во 1965 година, но најголемиот дел од животот го минува во Загреб, а потоа и во Белград и Нови Сад, како новинар, критичар и писател.
Во Скопје освен на кратко, на настан организиран од ЕУ Инфо Центарот, пред две години, не бил уште од дете. Очекува овој престој повторно да му ги продлабочи врските со родниот град и неговата интелектуална средина.

Автор е на дваесетина книги есеи, колумни, книжевни критики и други жанрови од кои најпознати се Урбани бушмани, Животот и смртта во српскиот посткомунизам (трилогија), Карма кома, Пепел без бавча.

Нема списание на бившите југословенски простори за кое не пишувал: Ферал Трибјун, Глобус, Јутарњи лист, Монитор, Република и други. Бил член на неколку жири комисии за доделување награди, а и самиот е добитник на наградите „Југ Гризељ“, „Душан Богавац“ и „Витез позива“.

Од престојот на Панчиќ на резиденцијата во Сплит, настана книгата „39 денови на јуни“ во кои авторот преку еден вид дневничка проза ги напиша своите впечатоци од краткиот престој во овој град, но и претстави своевидна хроника на југословенските и постјугословенските настани, сеќавања, пријателства, споредби и согледби на низа појави кои се кријат врз секојдневните ефемерности.

Панчиќ во книгата покажува дека краткоста на времето не е проблем за да се долови менталитетот на еден простор. Авторот тематизира длабоки интимни прашања но паралелно ги регистрира и се фаќа во борба со сите невралгични точки на современото општество, од беснеењето на национализмот до освојување на граѓанските слободи. Книгата излезе и во Хрватска и во Србија и предизвика интерес во јавноста, носејќи и различно име „39 денови во јуни“ односно „39 денови во липањ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.