Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тепачка во парламентот на Венецуела

0
By Нова ТВ on May 1, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во парламентот на Венецуела изби физичка пресметка меѓу пратениците, од којашто некои излегоа со раскрвавени глави.

Инцидентот се случи во текот на бурната седница кога, според тврдењето на опозицијата, седум нивни пратеници биле нападнати и повредено додека протестирале против мерките во Националното собрание да не зборуваат поради тоа што не ја признаваат изборната победа на избраниот наследник на починатиот венецуелски лидер Уго Чавез, Николас Мадуро на претседателските избори одржани на 14-ти април.

Пратениците од владејачката лева партија ги обвинија своите „фашистички” противници за предизвикување на инцидентот, а новиот претседател Мадуро изјави дека „знаевме дека опозицијата дојде да предизвика насилство” и дека „тоа не смее да се повторни”.

Николас Мадуро го победи својот опозициски противник Енрике Каприљес со 1,5 отсто од гласовите, по што вториот одби да ги признае изборите од претседателските избори тврдејќи дека изборите биле лажирани и дека имало илјадници случаи на неправилности.

Според аналитичарите, овие избори покажаа дека народот во Венецуела е длабоко поделен по 14 години тврдо социјалистичко владеење на Уго Чавез.

„Можат да не` тепаат, затвораат, убиваат, но нема да ги продадеме своите принципи”, изјави за локалната телевизија еден од опозициските пратеници Хулио Боргес, покажувајќи го пред камерите своето раскрвавено лице и многуте модринки. „ОВие удари ни даваат нова сила”, додаде Боргес.

Службеници од венецуелското Национално собрание коишто не сакале да бидат именувани рекле за Reuters дека тепачката почнала која опозициските пратеници на претседателот на парламентот Диосадо Кабео му викнале дека е „фашист” и развиле транспарент на кој пишувало „Парламентарен државен удар”.

Тогаш биле нападнати од пратениците на владејачката партија, а во пресметката меѓусебно се гаѓале со се` што ќе им се нашло при рака, од столчиња до лаптопи, додека еден застапник, според изјавата на неименуван очевидец, е удрен со столче по главата.

Судирот го предизвикала мерка којашто ја донел парламентот, во кој доминираат пратениците од редовите на владејачките сили, со којашто на опозициските пратеници им се забранува да зборуваат од говорницата на Националното собрание се` додека не го признаа Николас Мадуро за претседател на Венецуела.

По изборите од 14-ти април најмалку осум луѓе се убиени во насилните протести, а десетици се притворени. Опозицијата вели дека станува збор за нов бран репресија, а Мадуро ја обвинува дека сака да изведе државен удар.

Нов потенцијален момент за судар меѓу венецуелските политички струи може да биде во среда кога на улиците на главниот град Каракас и власта и опозицијата најавија масовни собири на своите приврзаници во чест на Меѓународниот празник на трудот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.