Published: Monday, January 19, 2026 13:16
Ноќеска, во Одеса, руски дронови погодиле станбен објект. Дроновите погодиле и оштетиле и делови од енергетската инфраструктура во градот.
И во Чернихив властите објавија дека врз таа област дејствувале дронови од типот „Шахед-136“. Во текот на ноќта погодени се повеќе станбени објекти, дом на културата и индустриски објект. Голем број семејства останале без електрична енергија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека санацијата на енергетскиот систем на земјата останува голем предизвик.
„Правиме сè што можеме за да вратиме сè што е можно побрзо“, рече Зеленски, пренесе „Телеграф“.
Тој соопшти дека во ноќните напади се погодени Суми, Харкив, Днипро, Запорижја, Хмелницки и Одеса.




